Скандинавска доминација во „ол-стар“ тимот на СП

Откако Данска стана светски ракометен првак, со убедлива победа над Норвешка во финалето во Херинг, прогласени се и најдобрите на изминатиот Мундијал.

Скандинавската доминација во „ол-стар“ тимот е очигледна. Пет од вкупно седум ракометари доаѓаат од финалистите Данска и Норвешка. Во тимот има и место за по еден ракометар на Шпанија и Германија

За МВП на турнирот прогласен е Микел Хансен од Данска, кој заврши и како најдобар стрелец со вкупно 72 гола.

Следниот светски ракометен собир ќе биде во 2021 година, а домаќин ќе биде Египет. Наредното СП ќе биде прво во историјата на кое ќе учествуваат 32, наместо 24 селекции.