Скандалозно однесување: Општа тепачка на ракометен меч во Србија (ВИДЕО)

Србија

Несекојдневен инцидент доаѓа од терените во Србија. Нисколигашите Врбас и Колубара направија инцидент во кој учествуваа ракометари од двете страни.

Напнатата атмосфера ескалираше во 53. минута од мечот. Имено, еден од играчите кои беа во напад со лакт удри во лицето на противникот, поради што доби тупаница, по која настана хаос на теренот.

По неколку минути ситуацијата се смири, а последните информации од Србија велат дека немало повредени од општата тепачка.