Скандал во Белград: Српска ракометна легенда претепана од сопствениот син!

Поранешниот славен ракометар и селектор на српската репрезентација, Веселин Вуковиќ, бил нападнат и претепан од својот син пред болницата за лечење од зависност во Белград. 

Според неколку српски медиуми, неговиот 35-годишен син Петар, го нападнал својот татко откако Вуковиќ повикал полиција и рекол дека сопствениот син му се заканува. Пензионираниот ракометар ја одбил понудената лекарска помош и заминал од местото на случката. Не е познато дали некој од нив бил регистриран во болницата или настанот сосема случајно се одвивал пред оваа белградска болница. 

Веселин Вуковиќ е роден во Струга, а беше олимписки шампион со Југославија во 1984 година на Олимписките игри во Лос Анџелес. Во периодот меѓу 2010 и 2013 година беше селектор на српската машка ракометна репрезентација и успеа да се закити со сребрениот медал на Европското првенство, кое се играше токму во Србија, каде што и Македонија го забележа својот најдобар пласман во историјата, освојувањето на петтото место.