• Редакција Gol.mk
Пред крајот на натпреварот меѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се случи мал инцидент без сериозни последици меѓу играчите, во жар на борбата, а еден од полициските службеници со пендрек, без размислување удри по македонски репрезентативец.
За време на гужвата која настана крај клупата, еден од полициските службеници го удри Филип Талески со пендрек во пределот на главата. Видеото стана вирално, а го сподели и Дејан Манасков на својата официјална страница на која напиша - „Зошто?“.
- Објавата на Дејан Манасков:
- Видеото од ударот врз Филип Талески:
Повеќе репрезентативни колеги и играчи го осудија потегот на полицискиот службеник, кој никако не смееше да реагира на таков начин.