• Саше Љолес

Управата на Еурофарм Пелистер објави дека се продадени сите влезници за вечното ракометно дерби против Вардар 1961, кое ќе се одигра во рамките на петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф.
„Зелено-белите“ ќе имаат огромна поддршка од препоплната сала „Боро Чурлевски“, а тоа значи дека Вардарци ги очекува пеколна атмосфера и голем притисок од трибините во Битола.
Ова ќе биде дуел на двете првопласирани екипи и најголеми претенденти за шампионската титула, па затоа очекуваме огромна борба до самиот крај на натпреварот. Дербито во Битола ќе се одигра на 24 април со почеток во 18:00 часот.