Сите тестови негативни, Металург комплетен на стартот на Суперлигата

Екипата на Металург вечерва стартува во домашното првенство, а прв противник во Суперлигата ќе му биде тимот на Еурофарм Пелистер 2, Претходно, сите тестови на ракометарите пред оваа средба се негативни, па тренерот Кастратовиќ на располагање ќе ги има сите потребни играчи.

Оваа сезона Суперлигата ќе брои 16 екипи, од кои 14 ќе играат во регуларниот дел и ќе бидат поделени во две групи. Групната фаза од првенството ќе биде со згуснат распоред и ќе се игра в петок и в понеделник, а еднаш неделно екипите ќе се тестираат на коронавирус, на сметка на Ракометната федерација на Македонија. Ќе се игра без публика и со строги ковид-19 протоколи.

Средбата со Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра во салата во Автокоманда, со почеток во 18:00 часот. Натпреварот ќе го водат Глигор и Спаско Ќаеви, а делегат е Марјан Огњановски.