„Сите сме во очекување да видиме како ќе изреагираат младите кога ќе добијат шанса“

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Македонија ја запиша првата победа на Мундијалот во Данска и Германија. Денес, нашите ракометари ја оправдаа улогата на фаворити и го освоија цел плен во дуелот со Јапонија.

Нашиот прв голман Борко Ристовски беше одличен на голот и собра 20 интервенции, а по мечот порача да не се залетуваме и да не се залажуваме дека против Бахреин ќе биде полесно.

„Не беше така лесно како што изгледаше. Од почетокот зборувавме дека Јапонија е незгоден противник и тоа се докажа на денешната средба. Ни направија многу проблеми во одбраната преку брзиот центар и контра нападите. Голем дел од нивните голови пристигнаа токму на таков начин. Тие го искористија нашето бавно враќање во одбрана и ја казнуваа секоја грешка. 

Ние треба да бидеме задоволни од резултатот. Како што гледате играме со многу млади играчи, без голем број на измени во текот на еден натпревар, па како што одминува првенството сигурно ќе не стигне и заморот. Се надеваме на полесни 60 минути во второто коло за да бидеме уште посвежи во продолжението на шампионатот.

Сите сме во очекување да видиме како ќе изреагираат младите кога ќе добијат шанса да не заменат. Но, ќе одиме чекор по чекор, па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Не треба да не фаќа еуфорија, сепак треба да бидеме свесни за нашите можности“ , рече искусниот чувар на мрежата на Македонија.

Следниот предизвик за македонските репрезентативци ќе биде Бахреин со кого ќе ги одмериме силите за два дена.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0