• Мартин Танасковски
Карпо Сиротиќ од Загреб излезе пред медиумите по натпреварот против Еурофарм Пелистер, кој неговиот тим го доби минимално (22-23) и ја заокружи годината со најдобра сезона во Лигата на шампионите во последните години.
Играчот кој постигна еден гол беше посебно одушевен од атмосферата, кажа дека било уживање да се игра пред гледачи како во Битола, а мечот бил вистинско балканско дерби.
„Ова беше вистинско балканско дерби. Што се однесува до атмосферата и доживувањето на ракометот во Битола, одлично го отворивме мечот. Жалам што не го контролиравме дуелот цело време во исто темпо, туку дозволвиме мечот да се врати во егал. Одигравме мирно во финишот и победивме, не е лесно да се биде мирен и смирен пред ваква публика. Честитки до сите за атмосферата, беше уживање да се игра во ваква атмосфера“, изјави Сиротиќ.
Хрватскиот првак ја игра најдобрата сезона во Лигата на шампионите споредено со изминатите години. По десет одиграни кола Загреб е шести со четири победи, две ремија и четири порази.