Синот на Паличка искрен: Тато е добар, ама Ландин е најдобар голман! (ВИДЕО)

Ракоментата селекција на Шведска по две децении повторно е на европскиот кров. Во спектакуларно финале „трите круни“ ја симнаа Шпанија од тронот и останаа најтрофејна држава кога во прашање се трофеите од континенталните собири.

Еден од најдобрите и најзаслужните ракометари за овој успех на Шведска е искусниот голман Андрес Паличка. 35-годишниот чувар на мрежата блескаше меѓу стативите на овој турнир, особено во елиминационата фаза, но и покрај тоа тој не е најдобриот голман на светот, во изборот на неговиот син. Малиот Астон беше запрашан колку е добар нековиот татко, по што следуваше одговор кој стана хит на интернет.

- Колку е добар твојот татко?

- Најдобар на светот…тој е на второ место. Ландин е малку подобар.

Оваа изјава на Астон веднаш стигна до ушите на првиот голман на Данска, кој подготви специјален подарок – потпишан дрес од данската ракометна репрезентација.