Синот на новиот тренер на Вардар стана „црвено-црн“!

Вардар доби нов тренер во името на Давид Писонеро, меѓутоа со доаѓањето на стратегот, доби и нов ракометар во младинскиот погон.

Тимот составен од ракометари родени во 2004 година тргна под водство на Зоран Петковски, а еден од новајлиите во ростерот е синот на актуелниот предводник на сениорскиот тим на европскиот првак.

Се работи за Алехандро Писонеро, млад шпански ракометар кој во минатото има настапувано и во младинските погони на Ваљадолид каде претходно тренер беше неговиот татко. Се работи за играч кој може да игра како среден и лев бек, а во минатото тој еднаш се најде и на тренинг-камп на селекцијата на Шпанија каде се врши „филтер“ за помладите во националниот тим.

Ова не е прв пат децата на тренерите од „шпанската ера“ на Вардар да бидат дел од младинските категории на македонскиот ракометен великан. Претходно, дресот на тимот го носеа децата на Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара, а мал интерес покажа и ќерката на Роберто Гарсија Парондо.