• Мартин Танасковски
Голманот Филип Шариќ ќе се збогува со Барселона на следниот натпревар во „Палау Блауграна“, објави каталонскиот клуб. 21-годишниот голман, син на легендарниот Даниел Шариќ, ја напушта Барселона за да добие поголема минутажа и простор за развој.
Како што пренесува весникот „Мундо Депортиво“, Филип Шариќ кариерата ќе ја продолжи во Тубос Аранда, каде се очекува да има многу позначајна улога. Шариќ во изминатиот период имаше двојна улога, настапуваше за Барса Атлетик, а паралелно беше и трет голман на првиот тим на Барселона.
Неговиот татко Даниел Шариќ остави длабока трага во каталонскиот гигант, освојувајќи две титули во Лигата на шампионите во 2011 и 2015 година.

