Син на шпанска легенда е нов соиграч на Лазаров во Нант

Пабло Нант

Младиот ракометар Пабло Урдангарин е нов член на француски Нант.

Големата надеж на шпанскиот ракомет ги следи чекорите на својот татко Ињаки кој своевремено беше огромен талент и репрезентативец на „шпанската фурија“.

19-годишникот минатата година ја помина во младинските категории на екипата на Хановер. Сега ќе добие можност да се докажува и напредува во тимот каде што игра нашиот Кирил Лазаров.

За германскиот клуб постигна 31 погодок и помогна да се освои втората позиција на табелата.