Симултанка на Мерк, Есбјерг „од трета“ до бронза во ЛШ

Дански Есбјерг успеа да слави над Мец (37-33) во „малото финале“ на Ф4-турнирот од Лигата на шампионите кај дамите и така дојде до третото место и бронзениот медал.

Тимот дојде до одличје во елитата „од трета“, затоа што во претходните два наврати кога играше на завршницата во Будимпешта дома си одеше со празни раце, односно со четвртото место.

Во поголемиот дел од мечот Есбјерг имаше позитива и диктираше игра, но Мец во вториот дел се врати и донесе драма. Клучна беше серијата на данскиот тим кога од 27-27, се одлепија резултатски и го приведоа мечот кон своја корист.

Нора Мерк беше прво име кај победникот со 13 гола од 14 шута, додека кај француски Мец, најистакната беше Гријселс со десет постигнати гола.

ФОТО: Kolektiff