Симпатиите за Јапонците, бодовите за неубедливите Шпанци

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Европскиот првак Шпанија ја запиша и третата победа во групата Б на Светското првенство и заедно со Хрватска го запоседнаа врвот со максимален учинок. Шпанците ја совладаа Јапонија и покрај бледиот прв дел со 26-22 (10-11).

Изненадувачки Јапонија подобро го отвори натпреварот, поведе со 3-0 и цели осум минути не прими гол. Шпанците правеа многу технички грешки, подаруваа топки и Шиносуке Токуда со четири гола доминираше.

Сепак, во финишот на првиот дел, европскиот првак се разбуди, Феран Соле и Алекс Душебаев постигнаа по два гола и „фуријата“ на одмор замина само со еден гол заостанување (10-11).

По одморот како да излезе некоја нова Шпанија. Коралес се разбрани, Фигуерес и Раул Ентериос го комплетира пресвртот и со серија 6-1, европскиот првак поведе со 16-12. Иако избраниците на Сигурдсон имаа блесоци со кои ги освоија симпатиите на неутралната публика, немаа сили да го откажат Коралес.

Голманот на ПСЖ одбрани седмерец и неколку зицери и со 24-20 се влезе во последните пет минути. Момците на Рибера не дозволија Јапонците да се вратат и шпаскиот тим потпиша трет мундијалски триумф (26-22).

Најефикасни поединци во шпанската селекција беа Соле со осум гола од исто толку обиди и Ентрериос со пет погодоци. Во јапонскиот табор, кој одигра одличен натпревар, се истакна Токуда со седум гола.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0