• Зоран Мишевски

Во финале какво што му доликува на израмнетиот женски ракомет кај нас, ЖРК Металург извојува втора победа во два дена и го зграпчи пехарот. И покрај поразот од 30-27, Ѓорче Петров собра многу симпатии овие два дена и најави будење на поранешниот европски шампион.
На средбата со новинарите по финалето, Симе Симовски рече:
„Честитки за организацијата на Куп-завршницата во Кавадарци. Натпреварот го одлучи голманката на ЖРК Металург. Имавме многу промашувања., направивме многу технички грешки, но и покрај тоа се вративме во натпреварот. Сепак, немавме сили за целосен пресврт. Сакам да изразам честитки за ракометарките на ЖРК Металург“.
Преостануваат уште неколку кола до крајот на женската Суперлига, а и таму четири скопски екипи се борат за местата кои водат во Европа.