Симовски одбра 20 ракометарки со кои Македонија ќе брка место на СП во Шпанија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го скрати списокот на повикани ракометарки за претстојните бараж натпревари со репрезентацијата на Романија за обезбедување пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.

Во неговиот список се најдоа 20 ракометари, а место немаше за голманката Драгана Петковска, како и за крилните ракометарки Марија Тасевска, Мила Трајковиќ и Теодора Дукоска. 

  • Списокот на Симовски за двомечот со Романија:

Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, Романија на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април 2021 во 17:00 часот во СЦ Јане Сандански.

Собирот е закажан за ден 12 април 2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во Хотел Русија во Скопје.