Симиќ го објасни „инцидентот“ со македонските навивачи: Понекогаш во жарот на борбата...

Симиќ

Крајот на дуелот меѓу Македонија и Црна Гора донесе мал конфликт. Македонските навивачи испратија провокации кон Црногорците, а некои од нив на тоа возвратија, па настана мала мешаница.

Голманот Небојша Симиќ ја објасни ситуацијата и откри што се случувало меѓу него и делот каде беа сместени македонските фанови.

„Македонија има фантастични навивачи. Тие се навистина страствени и понекогаш во жарот на битката кажуваат нешто што можеби не треба.

Затоа, само отидов таму и им реков: „Направивте одлична работа со поддршката за вашиот тим. Ви благодарам и да останеме без замерки“. 

Тие ми аплаудираа и јас им возвратив на ист начин“, рече црногорскиот голман.

Најжестока беше реакцијата на Марко Ласица. Црногорскиот репрезентативец плукна кон нашите навивачи, што дополнително ја зголеми тензијата во завршницата од натпреварот во Дебрецин.

>>> ВИДЕО: Срамен потег на Марко Ласица – плукаше кон навивачите на Македонија!