Сиљанов и Стојанов се селат во Автокоманда: „Млади ракометари за силен Металург“

Екипата на Металург го претстави првите засилување за новата сезона, во која ќе се натпреварува во Првата ракометна лига на Македонија.

Нови членови на клубот од Автокоманда се младите ракометари Филип Сиљанов и Лазар Стојанов. Се работи за ракометари родени во 2003 година и во Металург доаѓаат од редовите на Борец од Велес.

„Млади ракометари за силен Металург! Добредојде за Филип Сиљанов и Лазар Стојанов. Доаѓа нивното време“, велат од редовите на Металург.

Сиљанов и Стојанов треба да ја покријат левата бековска позиција во редовите на поранешниот македонски шампион.