Силен отпор на пелистерци, но Металург носи полн плен од Битола

Во дерби натпреварот од седмото коло, Металург ја продолжи серијата без пораз и го победи Пелистер во Битола со 24-27 (11-15) во допадлив натпревар кој го следеа 1.000 љубители на ракометот. 

Металург почна со подобра одбрана, па со брзи голови од полуконтра на Јагуриновски и Чантурија поведе со 3-7. Зарков со тајм-аут се обиде да го пресече гостинскиот ритам и голманот Ивановски и Талевски ги вратија домаќините во игра. Пелистер со серија 4-1 дојде до 10-12 на шест минути до одморот. Кастратовиќ ја смири екипата, Поповиќ и Чантурија погодија за 11-15 на крајот од првиот дел.

Почетокот на вториот дел го скрши натпреварот во полза на металурзите. Кбилашвили и Јагуруновски погодија за +8 по само неколку минути во вториот дел. Секоја обид на пелистерци за кам-бек во натпреварот беше безуспешен. Но, во последните десетина минути Ристовски на голот и Стефан Талевски повлекоа серија. Тимот на Зарков дојде до 21-25 на шест минути до крајот.

Сепак, заради трето исклучување, црвен картон доби Иван Димитровски, прекинат беше домашниот ритам и Металург го приведе натрпеварот кон крај со победа од 24-27.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Металург:

Најефикасни во домашниот табор беа Талевски со седум и Буторац со пет, а кај Металург се истакнаа Јагуриновски и Чантурија со по шест погодоци.

Тимот на Кастратовиќ е лидер и натаму непоразен по седум одиграни кола во Суперлигата.  

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 11 9 2 0 369:283 86 29
2 Охрид 2013Охрид 2013 11 9 1 1 314:253 61 28
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 11 8 1 2 304:265 39 25
4 Пролет 62Пролет 62 11 7 2 2 337:286 51 23
5 РадовишРадовиш 11 5 1 5 329:329 0 16
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 11 5 0 6 307:333 -26 15
7 ПелистерПелистер 11 3 2 6 283:288 -5 11
8 РаботничкиРаботнички 11 1 1 9 319:378 -59 4
9 Металург 2Металург 2 11 1 1 9 307:378 -71 4
10 СтругаСтруга 11 1 1 9 252:328 -76 4