Силен отпор на младите вардарци, Металург едвај до победа и ново лидерство

Ракометарите на Металург ја оправдаа улогата на фаворит и потешко од предвиденото го совладаа тимот на Вардар Јуниор со 31-33 (14-15) во последниот натпревар од 11. коло на Суперлигата, игран во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

  • Комплетниот натпревар меѓу Вардар Јуниор и Металург: 

Младите вардарци на Петрушевски одлично го почнаа натпреварот, поведоа со 7-4 и со брзата игра го шокираа уморниот Металург. Кукуловски беше незадржлив и потребни беа посебни мерки за Металург да го сопре.  Сепак, со подобрата одбрана поискусниот тим на Кастратовиќ се врати во дуелот и со серија 5-1, поведе во 21. минута. Во серија на голови од двете страни, посебно на крилата, првиот дел заврши со еден гол предност за победникот на Купот.

Целиот втор дел беше игра на нерви, на многу грешки и без одлепување за ниту еден од ривалите. Металург не ја повтори грешката на Пелистер и преку Поповиќ дојде до +4. Полека се разиграа и Јагуриновски и Арсеновски и предноста растеше. Сепак, момците на Петрушевски се вратија до 31-32. Иако имаа напад за реми, „црвено-црните“ се сплеткаа и наместо 32-32, дуелот заврши со гол на Јагуриновски и победа на Металург од 31-33.

Најефикасни во тимот на Вардар Јуниор беа Крстевски со осум и Кукуловски со шест гола, а кај Металург се истакнаа Поповиќ со седум и Јагуриновски со пет гола. Металург се врати на водечката позиција по 11. кола, а овој викенд ќе брка подвиг против Горење во возвратниот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот. На првиот натпревар во Словенија, екипата на Кастратовиќ загуби со пет гола разлика.

Вардар Јуниор пак игра скопско дерби и в сабота во рамките на 12. коло му гостува на Бутел. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4