Сигурно сега му е потешко: Министерот Ристовски од трибините ја бодри Македонија (ФОТО)

Пензионираните спортисти знаат да речат дека секогаш им е потешко кога се на трибините, отколку на теренот. Сигурно вечерва така се чувствува и Борко Ристовски. Министерот за спорт, кој долго време го носеше дресот на Македонија и беше „министер“ меѓу стативите, од трибините ги бодри момците на Кирил Лазаров на натпреварот со Португалија

Ристовски натпреварот го следи во друштво на првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов. 

Покрај Ритсовски, вечерва во Хернинг беше забележан уште еден поранешен репрезентативец Филип Лазаров.

Македонија во Хернинг ја бодрат околу 500 наши навивачи, дел од нив од татковината, а дел од скандинавските земји.