Сигурен старт за Исланд, разочарувачки настап на Португалците

Исланд одигра солиден натпревар и запиша цел плен на отворањето на Европското првенство. Избраниците на Гудмундур Гудмунсон ја совладаа Португалија (24-28) во рамките од групата Б.

Многуте исклучувања и тешнички грешки на Португалците беа причина за позитивата на противникот по првиот дел. Во самиот финиш исландскиот напад започна да функционира на високо ниво, па на пауза се замина со 10-14 и погодок во последната секунда на Јонсон.

Следуваше идентична слика во продолжението. Исланѓаните со мини-серија заминаа на највисоки 14-20 и не погледнаа назад. Португалската репрезентација направи максимални обиди да се врати, но остана без време да се избори за бодови. Расположен на голот на Исланд беше Бјоргвин Пал Густафсон, што беше дополнителна причина за поразот на Португалија во првиот настап на шампионатот.

Елисон и Гудјонсон со по пет гола беа најефикасни во редовите на исландската репрезентација, а Итуриза и Соуса беа најдобри меѓу португалските ракометари.

Следниот натпревар за Исланд носи дуел со Холандија, а Португалија ќе се сретне со домашната селекција на Унгарија.