Сигурдсон: Разочаран сум, не заслуживме пораз од девет разлика

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Исландскиот стручњак на јапонското кормило, Дагур Сигурдсон го призна поразот од македонската селекција и на средбата со новинарите го анализираше првиот натпревар од минхенската група на Мундијалот.

„Разочарани сме од поразот и разликата на крајот. Нивниот голман ни одбрани многу топки, кружниот напаѓач ни даде многу голови и тоа беше кобно за нас. Добро го почнавме вториот дел, но пак влеговме во серија на грешки и разочаран сум што загубивме со дури девет гола разлика. Им посакувам многу среќа на македонските ракометари понатаму на турнирот“, рече Сигурдсон.

Јапонија в недела ќе има уште потешка задача, бидејќи во терминот од 16:30 часот се среќава со Хрватска.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0