Сигурдсон: ПСЖ не е фаворит за ЛШ, тука се и Вардар, Барса, Кил...

Гудјон Валур Сигурдсон е едно од засилувањата за Пари Сен Жермен за наредната сезона. Искусниот 40-годишен Исланѓанец доаѓа како замена за Уве Генсхајмер, а веќе е фокусиран на настапите во Лигата на шампионите.

Многумина ги гледаат „светците“ како главни фаворити за трофејот во ракометната елита. Но, новајлијата во градот на светлината не се согласува со тоа и вели дека гледа конкуренција во три тима, меѓу нив и македонскиот и европски ракометен првак Вардар.

„Сакаме да ги победиме сите натпревари и да станеме шампиони. Но, мора да останеме цврсто на земја и да го почитуваме секој противник во сезноната. Во изминатите години, никогаш не победил фаворит. Оваа година велат дека ПСЖ е фаворитот, но јас не се согласувам со тоа. Тука се екипи како Вардар, Барселона и Кил“, изјави крилото.

Искусниот играч е најстариот играч во францускиот шампионат, а кога се работи за сите позиции, постар од него е само голманот Патрис Анони кој исто така има 40 години, а е роден во мај, наспроти Сигурдсон кој е роден во август.