Швеѓанките рутински ја средија Јужна Кореја за трето славје во Париз

Ракометарките на Шведска се радуваа на третата победа на Олимпискиот турнир во Париз. Овојпат скандинавските девојки беа подобри од Јужна Кореја со 21-27 (11-16). 

Натпреварот почна израмнето и само на стартот се играше егал. Бргу Швеѓанките успеаја да се наметнат и почнаа да градат предност. На семафорот беа достигнати максималните седум разлика во првото полувреме, а иако Корејките имаа свои моменти и пријдоа на „минус три“, на пауза се отиде со 11-16. 

По добриот старт на Шведска, следеше период кој им припадна на ракометарките од Азија. Од шест, разликата падна на само два гола, меѓутоа тогаш Јужна Кореја падна под притисок. Веднаш скандинавките одговорија на таа серија со иста мера, па бргу ја вратија позитивата (18-24). 

До крајот Шведска рутински ја одбрани предноста и запиша важна победа. Најефикасни на мечот со по пет гола беа Линдквист и Канг Киунг-Мин.

ФОТО/PHOTO:  © IHF