Швеѓанките немоќни во Дебрецин, Унгарија се чекира во главната групна фаза

Селекциите на Унгарија, Франција и Норвешка први се изборија за место во главната групна фаза на Европското првенство во ракомет, кое заеднички го организираат Австрија, Швајцарија и Унгарија. 

Во А групата, во која игра и македонската селекција, Шведска целосно потфрли и загуби од домашната унгарска селекција со 32-25. Со овие два бода Унгарија веќе е во следната фаза, а многу веројатно скандинавската селекција ќе ја следи доколку в понеделник ја совлада Турција. Клујбеет со осум и Куцера со седум погодоци беа носители на играта и најзаслужни за победата на унгарската селекција. Карлсон со шест гола беше најпозитивна во шведскиот табор. 

Еден од фаворитите за медал, подмладената Франција се намачи да запише бодови против Шпанија. Дуелот кој беше крајот неефикасен заврши со победа на „триколорите“ со 23-21. Валентини со шест и Хорачек со четири гола беа најдобри кај победничката селекција, а Делгадо Пинто со девет гола беше прво име кај „црвената фурија“.

Моќната Норвешка ја збриша домашната Австрија со 38-24, во дуел на две нерамноправни селекции. Браистал со шест и Дела со четири гола беа најефикасни во норвешкиот табор, во кој сите девојки кои добија шанса се запишаа меѓу стрелците. 

Вечерва се играат последните два натпревари од третиот натпреварувачки ден, а меѓу нив е и дуелот на македонската селекција и Турција.