Швеѓанка даде 19 гола на СП, но рекордот остана во македонски раце

Ракометната репрезентација на Шведска убедливо славеше над Порторико (48-10), а на овој натпревар прво име беше Натали Хагман која беше најдобра меѓу стрелците.

Швеѓанката реализира вкупно 19 пати и доби место меѓу рекордите. Таа е втора по бројот на ефикасност на еден натпревар.

Рекордот така останува во македонски раце. Лидер на листата кога говориме по број на голови на еден натпревар на еден Мундијал го има Наталија Тодоровска, поранешната македонска репрезентативка која на крилната позиција на дуелот против Камерун на СП 2005 даде неверојатен 21 гол.

Македонија го доби мечот со Камерунките на светската сцена со 44-24.