ФОТО: Швеѓаните се вратија во арената каде пред 21 година го освоија последното светско злато

По тренингот на македонската ракометна селекција и првиот наш противник Шведска, ја почувствува подлогата во грандиозната арена „Каиро Стадиум“.

Двете селекции со меѓусебен дуел вечерва ќе ги отворат своите настапи на Светското првенство во Египат, а арената во Каиро им буди убави спомени на скандинавските ракометари, затоа што токму во таа сала Шведска пред 21 година за последен пат стана планетарен шампион. 

Традицијата во меѓусебните дуели е на страната на Шваѓаните, затоа што досега сме одиграле три натпревари, на кои два загубивме, а еден заврши без победник.

Натпреварот меѓу Шведска и Македонија се игра од 20:30 часот, а за главни судии се делегирани Норвежаните Јорум и Клевен.