Шведскиот селектор Андресон од следната сезона го презема Рајн Некар

Бундеслигашот Рајн Некар Левен од следната сезона нема да го води данскиот селектор, туку на негово место ќе дојде селекторот на Шведска. Имено, Николај Јакобсен заминува во јуни годинава, а на неговоо место ќе дојде исландскиот стручњак и селектор на Шведска, Кристијан Андресон.

Исланѓанецот ќе ги заврши квалификациите за Европското првенство и потоа ќе се посвети на клупскиот ракомет и ќе ги води „лавовите“. Вицешампионот на Германија ќе потпише двегодишен договор со Андресон и верува дека ќе го продолжи стилот на игра како и Јакобсен. 

Шведската ракометна федерација напомена дека нема да брза со пронаоѓање на замена за Андресон, со кој има сребро од Европското првенство минатата година во Хрватска.