• Мартин Танасковски

Екипата на Кил останува без главната ѕвезда Сандер Сагосен кој замина во Колштад, но ја заврши потрагата по неговиот заменик.
23-годишниот Карл Валинус потпиша со „зебрите“ од Бундеслигата. Швеѓанецот доаѓа од француски Монпелје каде играше во изминатите сезони, а претходно беше дел од школата на Луги.
Валинус и Кил се договорија за соработка во следните пет години.