Шведска остана во игра за полуфинале, лесно совладана Романија

Ракометната селекција на Шведска ја оправда фаворитската улога која ја доби пред стартот на натпреварот и на рутински начин ја среди Романија и остана во „живот“ за пласман во полуфиналето на женското Светско првенство во Јапонија. 

Во последниот денешен натпревар од групата 2, Швеѓанките со 34-22 славеше над „фенерџијата“ во групата, откако одигра одлично прво полувреме во кое си создаде позитива за мирно второ и победа од 12 гола разлика.

Во таборот на победничката екипа блескаше Мелегард со седум гола, два помалку постигна Масинг, додека кај Романија Неагу имаше четири погодоци. 

Со денешните бодови, Шведска се искачи на третата позиција на табелата и во последното коло за пласман во полуфиналето ќе брка победа над Црна Гора, но под услов Шпанија да загуби од Русија.