Шведска најде лек за Бразилките и се „чекира“ во четвртфиналето

Женската ракометна репрезентација на Шведска обезбеди четвртфиналето на олимпискиот турнир и веројатно од првата позиција ќе влезе во четвртфиналето. Второто дерби од четвртото коло во групата Б донесе победа на скандинавската селекција против Бразул со 34-31 (15-13. Со иклучок на првите дваесет минути Швеѓанките го контролираа натпреварот и дојдоа до значајна победа.

Водени од До Насименто и нејзините шест гола во првите дваесет минути Бразилките наметнаа силно темпо и поведоа со 13-10. Шведска играше често на полуконтри и не можеше ништо да стори против поставената одбрана на „кариоките“. Сепак, следеа серија на исклучувања и Стромберг и Хансон реализираа серија 5-0 и Шведска поведе на одморот (13-15).

Вториот дел беше целосно израмнет. Први повлекоа Швеѓанките, но Бразил не дозволуваше одлепување. Сепак, во 49. минута „трите круни“ преку крилото Робертс дојдоа до +4. Иако Бразил преку Бело дојде до 28-27, немаше сили за пресврт и Шведска финишираше со победа од 34-31.

Најефикасни кај Бразил беа До Насименто и Родригез Бело по седум шест гола, а во шведскиот табор се истакнаа Робертс и Хансон со по шест погодоци.

До крајот на четвртото коло ќе се одиграат уште натпреварите Унгарија - Шпанија и Холандија - Норвешка