• Мартин Танасковски
Продолжија натпреварите во баражот за Светското првенство (СП) во 2025 година кај дамите и на четирите денешни средби имавме победнички.
Најдоминантна беше Шведска, која одигра убедливо пред домашната публика и високо го порази тимот на Косово (51-16). Во двете полувремиња Косовките дадоа по осум гола, па беше јасно што ги чека во Карлскрона. Реваншот во Приштина ќе биде формалност. Лерби беше најдобра со седум, Робертс и Хансон дадоа по пет гола кај Швеѓанките, додека кај Косово Ќорај имаше пет гола.
Хрватска го одбрани домашниот терен и тесно ја победи Шпанија (27-26). До победата „кралиците на шокот“ дојдоа во последниот напад со голот на Пркачин. Најдобра кај домаќинот беше Клара Биртиќ со седум гола, кај Шпанките се истакнаа Фернандез и Со Делгадо Пинто со по пет гола.
Убедливи победи забележаа Чешка над Украина (35-19), односно Австрија над Турција (36-29).
ФОТО: Handbollslandslaget



