Швајцарскиот селектор призна: Не е лесно да се игра против Македонија

Швајцарците најавуваа лесна и сигурна победа над Македонија, но синоќа сo наведната глава го завршија натпреварот во Скопје и останаа без пласман на Европското првенство. 

По поразот од 29-28, швајцарскиот селектор Михаел Сутер жали за пропуштената шанса да се најдат на континенталниот собир и призна дека против Македонија во гости е многу тешко да се игра.

„Во овој спорт за многу краток период може да се искачиш на најголемите височини, како што тоа беше на Светдкото првенство во јануари, но и веднаш да паднеш на земја. Против Македонија и на двата натпревари игравме борбено, но загубивме со по еден гол разлика. Имавме ривал кој игра одлично на свој терен, тоа го почувствуваа и многу други поквалитетни селекции. Се боревме, имавме желба за победа, но тоа е ракометот. За крај ќе кажам дека одигравме солидни квалификации во група со две сериозни репрезентации како што се Данска и Македонија“, рече швајцарскиот селектор.

Покрај Македонија од групата 7 место на Европското првенство обезбеди Данска, која благодарение на подобрата гол разлика во меѓусебните дуели со нашата селекција заврши на првата позиција.