Швајцарскиот селектор: Ќе биде спектакл против врвни селекции како Македонија...

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби своите противници во квалификациите за следното Европско првенство во 2022 година, кое треба да се игра во Унгарија и Словачка.

Нашите момци се дел од групата седум, која уште ја сочинуваат селекциите на Данска, Швајцарија и Финска. Селекторот Михаел Шутер вели дека неговата селекција се најде во тешка група и дуелот против Македонија во првото коло треба да го покаже патот на Швајцарија на овие квалификации.

„Ова е многу тешка група за нас, пред сè заради тоа што Швајцарија доаѓа од третиот шешир. Очекуваме вистински ракометни спектакли против две врвни селекции, како што се Данска и Македонија. Секој дуел ќе биде многу важен за нас, а првиот против Македонија ќе треба да ни го покаже патот во овие квалификации“, вели Шутер.

Првото коло, во кое Македонија ќе ја пречека Финска е закажано за почетокот на ноември, додека двете селекции ќе се сретнат и во последното коло, во мај следната година.