Швајцарија испадна од игра - Хрватска, Норвешка и Данска организатори на СП 2025!? 

Според последните информации кои доаѓаат од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) на повидок е дефинирање на организаторот на Светското првенство, кое на програмата е во 2025 година. 

Многу веројатно и овој собир ќе биде по рецептот на последниот и ќе се одржува во повеќе држави, но меѓу нив нема да биде Швајцарија, откако тамошната федерација излезе од трката. 

Швајцарија заедно со Норвешка и Данска требаше да испратат заедничка кандидатура за овој Мундијал, но откако Швајцарците откажаа, во игра влезе Хрватска и трите федерации испратиле писмо за организација до ИХФ, а засега немаат противкандидати. 

Последното Светско првенство се играше во Данска и Германија, следното е закажано во Египет, додека Мундијалот во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска