Турнири

  • Кадети Шафхаузен го обезбеди потписот на Бојан Бељански

    Кружниот напаѓач на српската ракометна репрезенација, Бојан Бељански потпиша за првакот на Швајцарија, Кадети Шафхаузен. По две и пол сезони во австрискиот Брегенц, освојувачот на сребрен медал од Европското првенство во Србија во 2012 година, пак ќе игра во Лигата на шампионите.

  • Горан Перковац е назначен за нов тренер на Кринс од Луцерн

    Поранешниот олимписки шампион со хрватската репрезентација и селектор на репрезентацијата на Швајцарија, Горан Перковац официјално е претстванен како нов тренер на екипата на Кринс од Луцерн. 

  • Баур сменет во Шафхаузен, Данецот Валтер негова замена

    По лошата полусезона во Лигата на шампионите со првакот на Швајцарија, Маркус Баур е сменет од тренерското место во Кадети Шафхаузен. Екипата која беше во групата со Металург спогодбено го раскина договорот со германскиот стручњак.