Швајцарецот Мо Салах ќе ѝ суди на Македонија против Шпанија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Судии од Швајцарија ќе го водат последниот натпревар од четвртото коло на групата Б на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска. Соочувањето на Шпанија и Македонија им е доверена на судија кој се вика исто како и египетската фудбалска ѕвезда, Морад Мо Салах, и на неговиот партнер Артур Брунер.

Швајцарците само еднаш им суделе на македонските репрезентативци, и тоа а турнирски натпревар против Франција пред четири години. Ова е трето делегирање за Салах и Брунер во Минхен, откако претходно ја делеа правдата на средбите Хрватска - Јапонија и Исланд - Бахреин.

Македонија никогаш не ја победила Шпанија, а во последните две големи натпреварувања редовно играме со „црвената фурија“, но скоро никогаш не сме блиску до подвиг.