Шундовски ја искачи Констанца на врвот во романскиот шампионат

Најмакедонската екипа во романскиот шампионат, Доброгеа Суд од Констанца го совлада Баја Маре со 39-33 (17-16) во рамките на 17.  коло на домашниот шампионат и се искачи на врвот на табелата. 

Екипата на Звонко Шундовск го положи тестот пред гостување во Данска кај Холстебро во рамките на ЕХФ Купот. Велко Маркоски и Никола Митревски се незаменливи, а синоќа стружанецот еднаш се запиша и меѓу стрелците.

Второто полувреме беше клучно за разликата која ја создадоа домаќините и го презедоа врвот од ЦСМ Букурешт и Гоце Георгиевски. Црноглавац и Чиковану со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Чепреги со десет погодоци беше најистакнати во поразениот табот на Баја Маре. 

Констанца во групната фаза на ЕХФ Купот ќе дебитира в сабота попладне на теренот на Холстебро.