Штутгарт го испрати Жарко Пешевски во Еурофарм Пелистер

Екипата на Штутгарт остана без Жарко Пешевски откако двете страни не го продолжија договорот, а македонскиот кружен напаѓач има нов клуб и патува во Битола каде ќе игра за Еурофарм Пелистер.

Бундеслигашот објави на социјалните мрежи порака посветена на нашиот репрезентативец. Му посака многу среќа во „зелените“ каде доаѓа како решение на пивотменската позиција од каде си заминаа две имиња.

Жарко Пешевски беше дел од Штутгарт од 2019 година и во три сезони одигра 105 натпревари на кои постигна 241 гол.