ВИДЕО: Што ли само мислеше Ландин? Данскиот голман си постигна НЕСЕКОЈДНЕВЕН АВТОГОЛ

Никлас Ландин

Еден од најдобрите светски голмани, Никлас Ландин вчера беше дел од тимот на Кил, кој загуби во Суперкупот на Германија против неговата поранешна екипа Рајн Некар Левен, каде што настапува нашиот Филип Талески.

Данскиот голман беше причина за сеир на присутните гледачи, бидејќи постигна несекојдневен гол и тоа во својата мрежа.

При резултат 8-8, Рајн Некар тргна во контра напад, кој заврши со удар во стативата, а Ландин во обид да ја спаси топката неочекувано ја испрати во сопствената мрежа.