Штета – заврши сонот на ракометната легенда Лазаров за ЛОИ

Ракометна Македонија неочекувано многу рано ги заврши своите настапи на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска

<<< ПОВРЗАНО - „Групата за мерак“ за Македонија донесе најлош пласман во историјата на ЕП!

По победата над Украина следуваа два лоши натпревари и порази од Чешка и Австрија, со што Македонија го запиша најлошиот пласман на еден континентален собир во историјата.

Денешниот неуспех против еден од домаќините на ЕП сигурно е болен за секој Македонец, но дефинитивно најмногу за ракометната легенда Кирил Лазаров. 

<<< ПОВРЗАНО - Лазаров: Богатство е да се има вакви навивачи, заслужуваме критика и остануваме должни!

Со оглед на тоа што оваа пролет ќе наполни 40 години и неговата кариера е пред самиот крај, вечерва е срушен неговиот последен сон за Летни олимписки игри. 

Десниот бек и на овој собир беше предводник на репрезентацијата, го даваше максимумот на сите натпревари, но не ја доби потребната поддршка од соиграчите за нов успех и сочувување на шансите за олимписки квалификации. 

<<< ПОВРЗАНО - Брестовац: Дали со мене или без мене, има многу работа пред сите нас

Како и да е, со и без настап на Олимписките игри, Лазаров засекогаш ќе биде најдобриот ракометар на македонската репрезентација и спортист кој треба да биде пример за сите идни генерации.

<<< ПОВРЗАНО - Македонските „лавови“ во решавачкиот момент станаа „мачиња“