„Штета што си замина, Кузмановски беше одличен на терен – но тренерот...“

Германскиот ракометен гигант Магдебург, на спортски начин се раздели со македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, откако денес на својата интернет страница му се заблагодари на нашиот бек за досегашниот придонес. 

<<< ПОВРЗАНО - Магдебург му се заблагодари на Кузмановски: „Во него има голем потенцијал“

„Љубовта“ меѓу битолчанецот и Магдебург беше кратка, односно само една сезона, во која Кузмановски можеби не ја доби вистинската шанса за докажување. Ова мислење го делат и повеќето фанови на бундеслигашот, кои на објавата на социјалната мрежа Фејсбук, коментираат дека клубот направил грешка што толку рано се ослободил од услугите на младиот бек. 

„Филип требаше да добие поголема шанса. Кога беше на терен, тој играше одлично. За жал, тренерот не гледаше на таков начин. Штета. Му посакуваме сè најдобро во иднина“.

„Штета што Филип не беше потрпелив. Можеше да порасне со нас. Многу успеси и се надевам дека наскоро пак ќе се видиме“, коментираат фановите на Мегдебург.

Кузмановски во новата сезона ќе ги брани боите на Хановер, клуб со кој потпиша договор на три години.