Штериова останува во Романија и повторно ќе го носи дресот на Браила

Македонската репрезентативка Марија Штериова и во следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат, но го менува клубот.

Искусната ракометарка по две години, бранејќи го дресот на Горија Бузау, се реши да се врати во клубот каде што ја започна романската авантура и одново ќе настапува за тимот на Дунареа Браила.

31-годишната Штериова во својата богата интернационална кариера уште настапуваше за Баја Маре, Кастамона, Волда, Фехервар и Ваци, додека претходно во татковината ги бранеше боите на Еуростандард, Жито Прилеп и Вардар. 

Левиот бек во Дунареа Браила се пресели во 2017 година, а сега потпиша договор на една година.