• Зоран Мишевски
Полека се „разгорува“ пазарот на македонските ракометни интернационалки. Некогашната македонска репрезентативка, Марија Штериова и во иднина ќе настапува во романскиот шампионат, но во нов клуб.
По добрата сезона во дресот на Баја Маре, Штериова се договори за премин во екипата на Глорија Бузау. Левиот бек се обврза на договор на една сезона и клубот го потврди нејзиното доаѓање. Заедно со Штериова, во екипата на Глориа Бузау сезонава ќе игра и Елена Ливриниќ.
Пред романското искуство, Штериова ги носеше дресовите на Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Вардар, унгарските Вац и Алба Фехервар, норвешката екипа Волда и турскиот клуб Кастамону.