Штербик: Во ЛШ нема фаворити, Вардар мора да влегува со страв во секој меч!

Вардар на крајот од групната фаза се врати на победите, откако го совлада Кристијанштад, а вечерва во СЦ „Јане Сандански“ повторно во блескаво издание се претстави Арпад Штербик, кој собра над 20 одбрани. Искусниот чувар на голот по мечот истакна дека тој лично пред дуелот стравувал за конечниот исход и победата што и се покажа како точно со оглед тешката победа.

„Јас лично пред овој меч се плашев, бидејќи станува збор за силен противник против кој секогаш играме тешко. Моите стравувања видовте се остварија па моравме добро да се испотиме за победата, која ја поаскувавме како за нас, така и за фер-плејот. Ние никогаш не треба да се ставаме во улога на фаворит, во секој меч мора да влегуваме со страв, доколку сакаме да го победиме. Се покажа сезонава веќе на неколку наврати тоа, како во Брест, така и со Колдинг и ПДД Загреб кога бевме фаворити и потфрливме. Искрен да бидам не знам кој би можеле да ни се противниците во четврфиналето,  јас до овој момент бев сконцентриран на нашите обврски, па дури од сега можеме да размислуваме за противникот“.

Противникот на Вардар во четвртфиналето ќе биде подобриот од осминафиналната пресметка помеѓу Мешков Брест и Флензбург.