Штербик: Оваа титула освоена дома и пред заминување посебно ми е драга

По победата над ППД Загреб и четвртата титула во СЕХА лигата, вардарци беа пресреќни што оствари една важна цел и по Веспрем станаа втората екипа во историјата на натпреварување која до титулата стигнала без пораз. 

По финалето натпреварот за титула го анализираше Арпад Штербик:

„Секоја титула е драга, но сепак еден Ф4 игран дома и за доста ракометари последна титула во СЕХА лига, секако дека оваа е посебна. Оваа сезона имавме тежок пат, видовте дек Загреб беше одлична екипа и мораше да се намачиме. Мислам дека немавме негативен резултат во текот на целиот натпревар и имавме спортска среќа и Загреб не успеа да го сврти резултатот. За оваа титула се боревме цела сезона и не мислевме вооопшто на Лигата на шампионите. Единствен кикс ни е ремито во Брест и оваа титула ни е посебно драга“.

Вардарци како бранители на трофејот ќе влезат во следното многу посилно издание на СЕХА лигата, кое ќе брои 12 екипи.