Штербик: Македонија живее за ракомет, но очекувањата се нереални - медал не беше опција! (ВИДЕО)

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата, Арпад Штербик, само со своето присуство донесе неверојатни промени во шпанската репрезентација, која вчера попладне ја совлада Франција со 27-23, во натпревар во кој водеше од првата до последната минута.

Ден пред одигрувањето на финалето, голманот на Шпанија за Gol.mk открива кои се неговите заклучоци по настапот на македонската репрезентација на Европското првенство.

Македонија и македонците – цел народ живее за ракомет... И сето тоа е многу убаво, но гледам и слушам многу коментари за време на првенството кои малку беа нереални. Извлековте максимум од репрезентацијата во првата група и дојдовте до добри резултати против Германија и против Словенија, кои можеби заслужија да играат полуфинале. И потоа слушнав дека цел се медали – тоа е добро да се сонува, но сепак не е баш реално. Македонија има добри играчи, но нема многу замени. Видовме на турнирот како на секој нареден меч беа сѐ поуморни и поуморни. Кога веќе дојде до замор, Киро се повреди и таму заврши сето ова. Мислам дека треба да биде задоволна цела нација и сите во федерацијата, бидејќи одиграа добро првенство, направија чекор напред и само вака треба да продолжат. Борко и Никола беа добри, не можат секогаш да бранат 15 удари... Борко бранеше одлично против Чешка кога беше најважно. Сепак, кога недостига Кире во нападот и кога повеќето се уморни, тогаш и голманот има потешка задача“, изјави за Gol.mk легендарниот голман на шпанската репрезентација.

Погледнете го комплетниот разговор со Арпад Штербик:

Со голманот на Вардар меѓу стативите, Шпанија стана светски првак во Барселона 2013 година, а пред две години ниту Штербик не помогна во финалето на Европското првенство во Полска