Штербик го „брка“ од Веспрем: Миклер се враќа во ПИК Сегед?

По доаѓањето на Арпад Штербик во Веспрем, унгарскиот репрезентативен голман Роланд Миклер ретко добива шанса да застане меѓу стативите, па веќе се појавија информациите дека нема да го продолжи договорот кој му истекува в лето следната година.

Медиумите низ Европа кои третираат ракомет, веќе шпекулираат дека Миклер ќе се врати таму од каде што дојде - во ПИК Сегед. Шампионот на голманската позиција ги има Марин Шего и Мирко Алиловиќ, а договорот на Хрватот истекува оваа сезона.

Доколку Миклер навистина се реши да се врати во некогашниот клуб по четири сезони, повторно ќе брани во дуо со Мирко Алиловиќ, со кој беше во Веспрем три години, кога и двајцата имаа добри партии.

Веспрем, пак, наводно замената за Миклер, ќе ја побара во Рајн Некар Левен и во шведскиот голман Микел Апелгрен. Тој го продолжи договорот со „лавовите“ до 2021 година, но нема да биде чудно ако Веспрем се обиде да го откупи.