Штербик: Франција беше подобра, ние пропуштивме неколку шанси да се вратиме

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Светскиот првак му се реваншира на европскиот шампион за поразот во Загреб минатата  година. Иако имаа замерки на судењето на норвешките арбитри, Шпанците сепак ја признаа инфериорноста во денешниот дуел во „Ланксес Арена“ против “„галските петли“ на Динар.

Новодојдениот Арпад Штербик смета дека овој пат Французите беа подобар ривал за таа нијанса која ги дели големите селекции.  

„Мислам дека Франција денес ја заслужи пообедата, иако задоволен сум што Шпанија до последните минути од натпреварот беше во игра. Имавме неколку ситуации во кои можевме да го прекршиме натпреварот и да се вратиме во активна позиција, но Франција ги одби нашите напади. Верувам во оваа селекција, имаме талентирани момци и треба да одиграме уште најмалку два натпревари, па да видиме што ќе биде“, ни рече поранешниот ракометар на Вардар.

Арпад Штербик влезе во игра во финишот на првиот дел и собра 11 интервенции за нешто повеќе од 30 минути игра. Шпанија на терен се враќа в понеделник кога ривал на европскиот првак е селекцијата на Бразил, која до пред неколку години ја водеше Жорди Рибера. 

 

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0